Милиони луѓе ширум светот живеат со оштетен слух Поточно, 466 милиони во светски рамки
34 милиони од нив се деца
Секое петто од 1000 бебиња се раѓа со оштетен слух или го стекнува кратко по раѓањето. Додека пак од 4 до 11 од вкупно 10,000 деца на школска возраст страдаат од тешко оштетување на слухот во раното детство.
Една третина од луѓето над 65 годишна возраст се засегнати од овој проблем.
Ова го прави губењето на слухот трета најчеста хронична здравствена состојба која ги засега возрасните лица.
Едно од најголемите влијанија на губење на слухот е врз способноста на поединецот да комуницира со другите.
Исклучувањето од комуникацијата може да има значително влијание врз секојдневниот живот, вклучувајќи го развојот и образованието на детето, еднаквите можности, чувствата на осаменост, изолација, депресија и фрустрација.
Луѓето со оштетен слух имаат голема корист од неговото рано откривање: честите проверки на слухот може да помогнат да се овозможи рано откривање и брз, соодветен третман.
Факти и бројки
Тест на слухот
Кога Вие или некој Ваш близок е засегнат со губењето на слухот, проверете го Вашиот слух, поттикнете ги Вашите најблиски да го проверат слухот и понудете им ја Вашата поддршка.
Да напоменеме, овој тест не е замена за аудиограм. Ви препорачуваме да го испитате Вашиот слух кај соодветен специјалист.
За слухот
Откриј како функционира слушањето и научи повеќе за разните типови на оштетен слух и соодветни решенија.
Дознај повеќеНајдобрите решенија за оштетен слух
СЛУХ 1 е специјализирана продавница за промет и изработка на ортопедски слушни помагала, која нуди единствени решенија на висококвалитетни производи со најнова технологија.
Дознај повеќе